Синдикатот на Клинички центар соопшти дека го поддржува предупредувачкиот штрајк на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК.
– Суштински елемент за формирање на квалитетен кадар се стручни и посветени на својата работа просветни работници. Само стручен и мотивиран просветен работник може да создаде правилно формирани професионалци во работата. Одговорна Влада која се стреми кон систем сличен на високоразвиените демократии, треба да го реализира своето ветување и програма, и соодветно, а не со непристојни предлози да ги вреднува оние кои се одговорни за создавање на здрава и образована нација, стои во соопштението од Извршниот одбор на Синдикатот на Клинички центар.