Откако лидерот на ЛДП, Горан Милевски денеска најави дека ќе ја напушти владата на премиерот Димитар Ковачевски, вечервра и Демократскиот сојуз на Павле Трајонов, исто така коалиционен партнер, се изјасни околу францускиот предлог.

Во вечерашната емисија Топ тема на ТВ Телма, функционерот на ДС, Зоран Димитровски изјави дека доколку Ковачевски го прифати францускиот предлог и тие ќе ја напуштат Владата.

Милески најави дека ќе излезе од Владата доколку биде прифатен францускиот предлог.

– Доколку Владата го прифати францускиот предлог таков каков што е, најавувам дека ќе си поднесам неотповиклива оставка од член на Владата. Ќе направам се што е во моја можност да ја спречам бугаризацијата на нашата историја, напиша попладнево Милески на својот официјален профил на Фејсбук.

На денешниот состанок на Извршниот одбор на ДОМ во проширен состав, се разгледуваше т.н. француски предлог објавен во медиумите. Раководството на ДОМ едногласно донесе став дека овој предлог е неприфатлив и Владата треба да го отфрли, се вели во партиското соопштение од ДОМ испратено до медиумите.

-Отворените прашања со Бугарија треба билатерално да се решаваат во добра волја, взаемна почит и согласно европските вредности. ДОМ останува на ставот дека за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара. Сметаме дека овој предлог ќе го претвори пристапниот процес за членство на Македонија во ЕУ во бескрајна агонија и го доведува во неизвесност и самото започнување на преговорите. Доколку Владата го прифати овој т.н. француски предлог, ДОМ ќе ја напушти Владата и парламентарното мнозинство, истакнуваат од ДОМ

Станува се поочигледно дека доколку македонската влада го прифати овој предлог, истата ќе се распадне, а Македонија ќе влезе во нови предвремени избори за кои власта не сака да чуе.

Инаку попладнево во Софија беше изгласана недоверба на Владата на бугарскиот премиер Кирил Петков.