Академик Љупчо Коцарев во својата колумна им се обрати на актуелните политичари за разнебитувањето на Република Македонија, по повод утрешниот празник Проштени поклади или Прочка.

– Утре, на 17 март 2024 година, е Прочка – ден кога треба да побараме простување од оние, на кои свесно, или несвесно сме им згрешиле и да им простиме на оние, што свесно, или несвесно нам ни згрешиле. На сегашните неуки македонски политичари и на сегашниот манипулативен претседател на Македонија Стево Пендаровски, поради разнебитувањето на Македонија и поради предавањето и продавањето на сѐ што е македонско, јас им простувам и се молам за ним: ‘Оче, прости им, оти не знаат што прават!’ (Лука 23:34). Но, нема да заборавам… А вие? – вели академик Коцарев.

Членот на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ), во колумната под наслов „Простување: верата наспроти науката“, во весникот „Нова Македонија“ натаму пишува:

– Простувањето е свесна одлука што вклучува откажување од нашата огорченост, индигнација или гнев, како резултат на нешто што, свесно или несвесно, ни било направено. Простувањето се разликува од одобрување, оправдување, заборавање, или помирување, пишува Коцарев.

Целата колумна на академик Коцарев може да ја прочитате ТУКА.