Вселенската партијаршија преговара за признавање на МПЦ под името Охридска архиепископија, изјавил грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.
„Преименувањето на Македонската православна црква во Охридска архиепископија треба да биде поздравено. Луѓето во Скопје треба да бидат наградени за храбороста да се вратат кон традиционалното, непровокативно име. Тој истакнал и дека Грчката црква не треба да се меша во ова зашто тоа не е нејзина работа.
„Дали ќе биде признаена афтокефалноста или нешто друго, тоа не е тема за Светиот синод на ГПЦ“, рекол Коѕијас додавајќи дека преговорите меѓу МПЦ и Вселенската патријаршија се водат една година наназад.