Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, од утре е во посета на САД, при што во Вашингтон ќе има повеќе средби на виско ниво. Се очекуива во фокусот да буидат прашањето за името, напнатите односи со Турција и кипарското прашање.

Грчките медиуми јавија дека Коѕијас утре ќе се сретне со американски државен секретар, Мајк Помпео, со советникот за национална безбедност, Џон Болтон и со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Тој ќе има средби и со помошниот државен секретар Вес Мичел, како и со советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон. Весникот „Елефтерос  типос“ пишува дека Коѕијас започнува маратонски дипломатски активности во траење од речиси две седмици. Од САД, тој, според весникот, ќе замине за Брисел, а оттаму за Германија.

Во исто време и шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, најави дипломатски активности, но не обелодени кои земји ќе ги посети и со коо ќе се сретне пред њујоршката средба за името. Потврдено е дека Димитров и Коѕијас во четврток и петок ќе имаат нова средба со медијаторот на Обединетите нации, Метју Нимиц, која ќе се одржи во Њујорк. Официјално Скопје потврди дека во Њујорк Димитров оди со предлогот „Република Илинденска Македонија“, ново име за кое се предлага македонскиот народ да се изјасни на референдум.

Од друга страна, пак, Атина порача дека за неа е непфитлив предлог „Илинденска“, затоа што и тоа име во себе содржи иредентизам и се враќа на позицијата дека новото сложено име треба да содржи временска или географска одредница (нова или горна).