И додека СДСМ, нејзини бивши и сегашни премиери, министри и други државни и партиски функционери денеска на Фејсбук продлавуваат и си честитаат 17 мај, нивниот поранешен вицепремиер и министер, Никола Димитров прославува нешто во Германија.

Димитров на неговиот профил на Фејсбук објави фотографија со насмевка и кригла пиво во раката и со кратко коментар:

– Кога е човек во Берлин…- објави кратко Димитров.

Бившиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Димитров, ќе остане запаметен по тоа што го стави потписот на Договорот од Преспа за смена на уставното име на Република Македонија, како и по државната стипендија што неговата ќерка ја доби во време додека тој беше министер.

Како што е познато, Димитров, неговите колешки Радмила Шекеринска, Мила Царовска и останатите бивши министри и други функционери се згрижени од државата и редовно добиваат апанажа во текот на предвидениот законски рок.