Колумбија идната недела официјално ќе влезе во составот на НАТО и ќе биде единствената земја од Латинска Америка во Алијансата, изјави денеска колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос.

Според неговите зборови, Колумбија во НАТО ќе влезе како „глобален партнер“, што значи дека не е неопходно да учествува во воените акции.

НАТО постигна договор за партнерство со Колумбија во мај 2017 година, непосредно по договорот за мир со Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК).

– Колумбија има корист од активно учество во меѓународната заедница, бројни проблеми со кои се соочуваме се се повеќе глобални и неопходна е поддршка и соработка со други држави, поради наоѓање на решенија, нагласи Сантос во обраќањето преку телевизијата.

Други глобални партнери на НАТО се Авганистан, Ацстралија, Ирак, Јапонија, Јужа Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.