Многумина научници потрошиле денови, месеци и години за да најдат т.н. сребрен или златен куршум за борба против ракот. Тоа подразбира едно средстсво или еден лек со кој ќе бидат уништени сите заболени клетки на било кој вид рак. Наспроти нив, многумина научници сметаат дека такво нешто не е можно, па се бара посебен лек за секој посебен вид на канцер.
Наспроти едните и другите, има и такви кои изумиле, ако не златен, тогаш барем сребрен куршум во борбата против ракот (70 отстотна успешност во терминална фаза), но подоцна, полека ги снемувало од сцената. И нив и нивниот изум.
Какав врска има ова со вчерашното бришење на Македонија? Целата операција, за нејзините протагонисти почна да дава надеж за резултат тогаш кога нејзините креатори, нејзините умови, тие кои ја осмислија, сфатија дека не можат со еден пакет, од оние фамозните на Метју Нимиц, одеднаш да го решат целиот проблем. Значи не можат со златен куршум да ги принудат на самоубиство тие што одбиваат да се избришат, а кои во сите овие 27 години беа мнозинство во РМ. Па, затоа, решија да одат чекор по чекор. Со хемотерапија, една доза сега, друга по неколку недели, трета понатаму, за која знаат дека во овој случај нема да го спаси пациентот, но сето тоа ќе оди пополека, тој ќе се надева на спас, за на крај…
Така започна со операцијата за смена на Груевски, па револуцијата на шарената куртонска банда, па забраната за Али Ахмети да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, па 27 април, па инсталирањето на Талат Џафери и Зоран Заев, за да се дојде до финалето. Почетокот на тоа финале беше на 2 август лани, со договорот со Бугарија, за кој, свежи ви се сеќавањата, реакциите беа толку млаки што беше едноставо неверојатно. Впрочем, договорот бше прогласен и објавен во Службен весник без проблем, нели? А тој договор, заедно со подоцнежните вратоломии на ќерката на БПЦ која, се чини, веќе се прости од „Македонска“ во своето име, ја заврши половина од работата, односно го скрши мразот кај луѓето (ете станавме Бугари по корен, ама ништо страшно не е, нели?) и и ја отсече на Република Македонија едната нога. Таа што го врзуваше нејзиниот живот од шестиот–седмиот век, до АСНОМ 1944 година.
По ова, остана другата нога, таа која ја врзуваше Македонија со предсловенскиот период, па тука, Бугарите како еднаш употребена проститутка, не препуштија на Грците. Во меѓувреме, постојано под нос ни беше поттурнуван Законот за јазиците, кој беше своевидно плашило, иако неговата вистинска улога допрва ќе дојде. Законот за јазиците е всушност резервната тенковска единица, таа која се чува за да се зададе последниот удар.
Додека ова траеше, нужно беше да се отвори простор за бандата т.н. новинари, за да може јавноста да биде обработувана. Тоа се оние чиј глас вреди само ако нема некои други. За таа цел мораа прво да бидат елиминирани сите они кои не се под капата на Сорос или странците, инаку, ставот на бандата не може да дојде до израз. Откако и тоа беше средено, станавме сведоци на малку преговори, а на многу глумење (за да не биде дека курвата лесно се согласила), сето тоа бланширано со многу пропаганда, како што беше онаа нарачка во српски Курир од пред некој ден дека преговорите пропаднале, и со многу репресија од обвинителството и судството (местењето пресуди во кривичните дела за кои странците и Заев се заинтересирани, ја отвори кутијата па сега без око да им трепне места и кривични и граѓански пресуди, дури и такви за клевета и навреда). Па така, за во суштина безначајни кривични предмети како тој за мерцедесот имавме рочишта секој ден и тоа по 11 часа, додека за Монструм, еден срамен случај кој започна одново, судењата се едвам еднаш месечно.
Така што, после сето ова, нема што многу да очекуваме. Договорот со Грција ја отсекува втората нога на која стои оваа Македонија, а откако последните дози хемотерапија ќе бидат дадени, ќе следи третата фаза, таа со Законот за јазиците, после што, новата Северна Македонија, ќе добие целосно внатрешно преуредување. Тоа ќе биде држава без историски корен, држава која вештачки е создадена во 1944 година од комунистите, држава чиј народ историски е со бугарска националност и држава која по делумната редифиниција со Законот за јазиците, ќе треба да добие целосно нова форма – федерален облик на заедништво меѓу Северномакедонците со бугарски корен и Албанците. Финалето, нормално ќе следи само по себе, а ако треба и со помошод надвор – природно раздвојување на овие два ентитета, по што албанска Македонија ќе се приклучи кон Косово и Албанија, а бугарска Северна Македонија, оставена да виси во воздух, ќе нема друга опција освен да ја бакне раката на Софија.
Да нема забуни, веројатно и тогаш нема да плаќаме 190 денари за радиодифузна такса (иако истите пари ги плаќаме и во овој момент, само што сега тоа не оди директно, туку плаќаме данок, потоа Владата од буџетот плаќа во наше име, истовремено велејќи ни дека ни заштедила пари, а ние, толку ни фаќа умот, мислиме дека тоа е вистина), веројатно и тогаш ќе ни прават финти во стилот дека кога МПЦ ќе стане ОА тоа нема да значи бришење на македонската црква, веројатно и тогаш ќе се врши репресија врз оние што можат да влијаат врз јавното мислење во поинаква насока од таа која е посакувана, а за СЈО и обвинителството на Јовевски, како и за местење судски пресуди воопшто и да не зборуваме. Но, тогаш при поделбата, конечно ќе следи и пресметката меѓу македонските Бугари и Албанците за тоа кому да му припадне, на пример скопски Чаир или Арачиново, што не води кон босанскиот четничко-муџахединско-усташки филм од деведесетите години на минатиот век. Конечно, тогаш Љупчо војводата ќе здивне со своите милиони и убеденоста во своето визионерство, зашто по неговата логика ќе се покаже дека ќе било подобро да сме го послушале и да станевме Бугари уште во 2001 година кога предлагаше размена на територии и население со Албанија. Барем ќе се спасевме од новата војна, од кризите во сите овие 17 години по воената 2001 и да не набројуваме. Вака…
Се разбира, со крв до колена не плашат и доколку не го прифатиме договорот со Грција. Тогаш, нашите сакани партнери не плашат дека ќе ни пуштат малку повеќе бандити од бројот на оние што беа во Дива населба и остатокот би требало да го знаете. Но, би требало да знаете дека сега не еисто време како и 2015 година и дека нова Дива населба или такав во поголем обем е мошне тешко можна. Така што, соатнува да чекаме самите да си ја приредиме, па на крајот може лесно да се случи да останеме и без луѓе и без држава. Но, нели, велат на будалите отпосле им текнува и тука нема помош.
Значи, тоа беше стратегијата што не доведе до овде. Да не обработуваат на ситно, по малку, чекор по чекор и од сите страни. Поточно од три – бугарска, албанска и грчка. И тоа е тоа што не очекува во иднина. Прашањето сега е дали има спас од оваа капитулација која Заев вчера ни ја соопшти како радосна вест? Референдумот не е тоа, зашто ќе биде наместен. Ако нешто тука се изјалови, иако премногу труд беше вложен во целата операција за да дозволи таква грешка, тогаш пропустот ќе биде исправен на претседателските и вонредните парламентарни избори.
Така што, спасот треба да се бара на други место. И тој не е во некаков златен куршум, туку во постепено враќање на Македонија на нозе. За почеток, доволно е да се натера Уставниот суд да почне да си ја врши работата и да го поништи изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, што ќе повлече и поништување на се што тоа Собрание презело. Потоа, може да се потсетат Јовевски и неговите дека наместо да гонат тетки, можа за промена да го санкционираат насилството врз државата извршено при тој избор од страна на пратениците на СДСМ и ДУИ.
Се разбира, Заев и Ахмети имаат мнозинство од 61 глас во Собранието и тие повторно ќе го изберат Џафери, но целата работа ќе мора одново, а патем, сето тоа ќе биде голем удар и срам и врз арогантните ментори на ова беззаконие кое владее во Македонија и кое овозможува да се склучи ваков срамен договор со Грција, како дел од бугарско-албанско-грчкиот пакет за ФИРОМ.
Многумина би сакале сето тоа да се случува поинаку, но по ланските настани од 27 април, народот нема енергија за такво нешто. Да беше поинаку, сношти немаше да има само 50-100 луѓе пред Собранието на РМ. Ќе имаше реки народ кои не ќе можеа кој знае што да сторат и постигнат, но ќе создадеа поинаква атмосфера и ќе ја протресеа сегашната апатија. Но, не е поинаку, синоќа немаше реки од народ, а впрочем и да имаше, тоа не менува дека правната држава мора да се воспостави. Значи, поништувањето на Џафери и во пакет поништување на СЈО што чека веќе две ипол години (иако грчкиот Врховен суд практично ги укина Катица Јанева и нејзиното друштво), можат да бидат почеток на ново кревање на Република Македонија. Во оваа ситуација, тоа е и повеќе од доволно и за разлика од многу други идеи, воопшто не е утопија, туку напротив. Плус, Хан, Могерини и Прибе ќе го поддржат сето ова, нели? Оти кој друг е за правна држава, ако не тие?
При сето ова, не треба да бидеме наивни: уставните судии сигурно се обработени до сега. Со закани, уцени, всушност со целиот арсенал што менторите и го дозволија на оваа бандитска власт. Но, проблемот е што тие се оставени сами. Ако добијат грб од народот, приказната може да биде поинаква.
Ех, да, сето тоа не значи дека Заев нема пак со Борисов и Ципрас да ги потпише истите договори. Но, после една таква епизода, се може да се случи. Впрочем, времето минува, а со него се менуваат и нештата, зар не?
Дарко Јаневски