Страшо АНГЕЛОВСКИ

После нападот на Хамас врз Израел почнаа да кружат најразлични теории за тоа што се случи. Една од најсмешните, секако е,дека, левицата е за Палестина, десницата за Израел. Жално.  Без претензија да го нудам најточното размислување, почувствував потреба да ги изнесам фактите кои, можеби, ќе фрлат светлина на случувањата. Да одиме по ред.

Прво.

Хамас е формиран во 1987 година од страна на израелската, американската и британските тајни служби, заради спротивставување на политиките на Јасер Арафат и неговата Палестинска ослободителна организација (ПЛО). Едноставно, Арафат, како мегапопуларен палестински политичар, беше многу блиску до постигнување договор и траен мир меѓу Израел и Палестина, заедно со тогашниот израелски премиер Јицак Рабин, што некому, до ден денес не му одговара. За своите мировни напори, тие ја добија и Нобеловата награда за мир. Набрзо, обајцата беа убиени.

Веќе во 1988 година, Хамас, во својот Статут запишува дека и официјално е дел од Муслиманското братство. Инаку, Муслиманското братство официјално е формирано од британските тајни служби уште во дваесеттите години од минатиот век.

Во меѓувреме, британските тајни служби, постојано, со децении, од редовите на арапските мигранти ширум Европа, регрутираат борци, кои ги инфилтрираат во раководството на Хамас, па, неговите одлуки секогаш се во британски раце. Згора на се’, токму Британија е таа која, пред 75 години, повлекувајќи се од Израел, посебно од Ерусалим, го остави зад себе замрзнатиот израелско-палестински конфликт, кој, по потреба, може да се активира во посакуван момент.

Второ.

Газа е најголемиот и најдобро чуваниот концентрационен логор во светот. Во него, на површина од четириесеттина километри во должина и, едвај десеттина километри во широчина, живеат околу 2,3 милиони луѓе. Живеат како во голема социјална установа, само од хуманитарната помош која ја добиваат, без сопствена индустрија, земјоделие или што и да е. Генерациите Палестинци, родени во Газа во последниве 16 години, никогаш не излегле од концентрациониот логор, ниту знаат каков свет постои надвор од него.

Концентрациониот логор Газа е набљудуван и чуван од земја, од воздух и, од сателитите од вселената. Секој сантиметар од оградата е покриен со визуелни, термални, камери за движење и уште какви ли не чуда на технологијата, па, доколку и една обична мачка сака да ја премине оградата, се огласувааат аларми на четири нивоа.

Трето.

Во така чуван концентрационен логор, Иран, Русија, или Кина, како што некој сака да каже, му доставувале оружје на Хамас. Тоа е приближно како еден конвој од петстотини камиони натоварени со оружје, да влезе во Македонија некаде кај Гевгелија и да го достави оружјето незабележано од никого, во општина Зелениково, на пример. Тоа ќе рече, единствен кој низ годините можел да го вооружува Хамас, е оној кој го создал и, оној кој го држи под контрола внатре, во концентрациониот логор Газа.

Четврто.

Од така чуваниот концентрационен логор, замислете, пресекувајќи ја најдобро чуваната ограда на светот, на четвероцикли и со параглајдери, излегоа борците на Хамас, извршија брутални масакри врз цивили, холивудски мирно ги снимија и, снимките ги испратија до водечките светски медиуми. Овие, со светлосна брзина ги раширија низ светот, создавајќи “заслужена“ омраза кон целиот палестински народ и, “оправдано“ сожалување за невините жртви.

Петто.

Така, сцената беше наместена, рефлекторите вклучени и, драмскиот заплет можеше да почне. Па, Израел најави и започна офанзива без контрола, со уништување на целиот појас Газа, со неселективно ракетирање на болници, цркви и се’ што му се наоѓа на пат и, убиства на илјадници невини цивили, жени и деца. Израелскиот премиер Нетанјаху најави “обединување на израелските земји“, што не е ништо друго освен целосно уништување или протерување на Палестинците, а, американскиот претседател Бајден поита да му даде безусловна поддршка.

ИЗБОРИТЕ ВО САД И СЛУЧУВАЊАТА ВО ГАЗА

Соединетите Американски Држави влегуваат во изборната година. На администрацијата на Бајден очајнички и е потребен каков и да е политички капитал со кој ќе може да влезе во трката. Очајнички и треба некаков резултат со кој како со политички капитал ќе излезе и ќе се оправда пред даночните обврзници и ќе влезе во претседателската трка. Долго време се надеваа дека нацистичкиот комедијант Зеленски, на кого, покрај крофните што Викторија Нуланд им ги делеше на “револуционерите“ на Мајдан, потрошија и стотици милијарди долари од американските даночни обврзници, со својата “контраофанзива“ ќе испорача резултат кој покрај тоа што ќе ги оправда стотиците милијарди долари ќе претставува и политички капитал доволен Бајден да ги добие изборите.

Кога анализите им покажаа дека резултатот ќе биде поразителен и наместо капитал, ќе биде баласт на плеќите на Бајден, решија, барем привремено, тивко, полека, на прсти, да се извлечат од прегратката на Зеленски која почна да ги задушува, а да ги остават празноглавите инсталирани политичари од типот на Фон Дер Лајен, Олаф Шолц, Аналена Бербок и останатите и понатаму да ја глумат поддршката за нацистичкиот, бескрајно корумпиран режим на Зеленски.

Правејќи грчевити анализи дали да побараат некакви резултати преку Тајван и создавање тензии со Кина, или да ја дисциплинираат “најголемата закана за американските национални интереси“, Иран, заклучија дека се’ уште не се подготвени за такви авантури и, дека нема доволно време за видливи резултати кои ќе се покажат како пресудни за победата на Бајден.

И, како и во 2003 – та, и овојпат, се обратија на својот најверен сојузник – британските тајни служби, кои, како и тогаш, и денес го поставија декорот за да почне крвопролевањето. Колку за потсетување, во 2003-та, според “сознанија“ токму на британските тајни служби, тогашниот британски премиер Тони Блер изјави дека режимот на Садам Хусеин поседува оружје за масовно уништување (што и да значеше тоа) и, САД ја започна агресијата врз Ирак. Што, потоа се покажа како една голема лага, која за жал, однесе стотици илјади невини животи.

Денес, тие истите, го активираа Хамас и војната почна. Администрацијата на Бајден експресно испрати комплетно вооружени два носачи на авиони, државниот секретар Блинкен два пати во седум дена долета во Израел, Џо Бајден брзобрзо се сретна со Нетанјаху, а Олаф Шолц, на кого вујко Сем му додели улога на палјачо, се прпелаше по патеката за полетување на аедродромот во Тел Авив, кога се чуја сирените за узбуна.

Дефинитивно, коцките се наместени. Хамас “се покажа“ како екстремно терористичка организација,  а “страшните“ Палестици како закана која треба да биде уништена. Нетанјаху ја започна реализацијата на својот долго сонуван сон – чистење на палестинската територија која ја смета само за израелска и, ликвидирање или протерување на Палестинците. Либански Хезболах, но и останатите арапски држави, соседи на Израел се на чекор до замешување во конфликтот.

Од пристојна далечина, администрацијата на Бајден ќе нуди “решение“ кое ќе треба да и донесе политички капитал за претстојните претседателски избори. Постои решение во само две варијанти. Првата, воено да го поддржи Израел во неговите геноцидни намери и да го запали можеби и последното чкорче во историјата на човештвото, или, втората, да глуми лажен миротворец пред очите на вџашениот свет, кој веќе воопшто не и’ верува.

Да се надеваме дека нормалниот свет ќе најде вистинско решение, пред да стапат на сцена милитантните миротворци на Бајден.

(авторот е претседател на МААК)