Страшо АНГЕЛОВСКИ

“Следната војна во Европа ќе се води меѓу Русија и фашизмот, само што Западот фашизмот ќе го нарекува демократија“.

Внуците на Жданов, оние, кои денес самите себе се лиценцираат и, си се нарекуваат “проверувачи на факти“, а всушност се цензорски слуги на западната “демократија“, ќе тврдат дека не, но, дали ова навистина го изјавил Фидел Кастро, или не, и не е толку важно, колку што е важно дека оваа реченица се’ повеќе ја дефинира состојбата во која живееме последниве години.

Последен во низата настани кој потврдува дека западната “демократија“ се’ почесто и се’ поотворено го глорификува нацизмот, па дури, како во случајов, на највисоко ниво, еуфорично го поздравува и слави, е она што се случи во канадскиот парламент при посетата на инсталираниот украински претседател, Зеленски.

Имено, сите присутни во Парламентот, заедно со канадскиот Премиер Трудо и комедијантот Зеленски, на нозе, еуфорично, со овации и кренати тупаници, го поздравија 98 годишниот Јарослав Хунка, и неговото одликување од канадскиот парламент, кого претседателот на Долниот дом на Парламентот го претстави како “борец за независност на Украина од Русите за време на Втората светска војна“. А, Хунка, всушност, бил поранешен член на доброволечката дивизија “Галиција“, во рамките на 14-та СС дивизија, воена формација на нацистичка Германија, која не се борела само против Црвената армија, туку била позната и по злосторствата врз Евреите, Полјаците, Белорусите и Словаците.

Истовремено, деновиве, Украина издаде и серија поштенски марки со ликовите на нацистичките старешини на истата таа доброволечка дивизија “Галиција“, како спомен на нивната активност во 14-та СС нацистичка дивизија и нивните злосторства врз Евреите, Полјаците, Белорусите и Словаците.

Дека ова не е случајна, туку смислена акција на западните “либерали“ започната длабоко пред крвавиот Мајдан во 2014 година и инсталирањето на нацистичката власт во Киев, можеме да се увериме од податоците кои јасно зборуваат дека после втората светска војна украинските нацисти биле, како што денес го нарекуваат, “згрижени“ во “западнодемократските“ држави. Па така, од околу 80.000 доброволци кои од 1943-та се бореле против Советскиот Сојуз, а на страната на хитлерова Германија, повеќе од 8.000 од нив биле “згрижени“ во Велика Британија, неколку десеттици илјади во Канада, неколку десеттици илјади во Јужна Америка, а останатите во помал број во редица западни земји.

КОЈ ГИ ИЗЕДНАЧУВА НАЦИСТИЧКИТЕ ОРДИ И ЦРВЕНАТА АРМИЈА?

Откако, по завршувањето на Втората светска војна, ги вдомуваат сите истакнати нацистички соработници – Конрад Аденауер, како прв Канцелар на Западна Германија, кој, според сопствени кажувања, вработил 66 проценти “поранешни нацисти“ во тогашното германско МНР; Алќиде Де Гаспери, новинар и политичар, поддржувач на Мусолини, како премиер на Италија од декември 1945 година; Пол – Анри Спак, член на белгиската социјалистичка партија и официјален поддржувач на фашизмот на Франко и нацизмот на Хитлер, од 1957 година како Генерален секретар на НАТО; Валтер Холштајн, министер за правда во владата на Хитлер, во два мандати како претседател на Европската комисија; холандскиот принц Бернхард од Липе-Биестерфелд, член на Национал-социјалистичката партија и СС офицер, во 1954 година како основач на групата Билдерборг, чија цел е создавање европска наддржава; за да, дел од нив, во 1955 година во Месина на Сицилија, заедно со Гаетано Мартино, член на фашистичкото движење на Мусолини; Антони Пинај, член на Националниот одбор на Франција, позната како пронацистичката влада од Виши и, Јозеф Лунс, тивок член на Национал-социјалистичкото движење во Холандија и Генерален секретар на НАТО од 1971-1984 година, го подготвуваат “Римскиот договор“, документ со чие потпишување, во 1957 година се формира Европската Економска Заедница, темелот на денешната Европска Унија.

Во меѓувреме, тивко но интензивно, нацистичката идеологија ја одржуваат во живот и подготвуваат пат за нејзино целосно заживување. Па така, престанаа да го слават 9 Мај како Ден на победата над фашизмот и, го прогласија за ден на Европа. За да не ги потсетува на поразот на идеологијата која заеднички ја подготвуваа за борба против советското (читај: руското) влијание.

Денес, славејќи ги украинските нацисти како борци за независност на Украина од руската Црвена армија, западните “демократи“, всушност, се обидуваат да ги релативизирааат фашизмот и антифашизмот, да ја ретушираат историјата, за да можат да им овозможат нов живот на нацистичките идеи, а Русија да ја подготват за отстрел како наследник на Советскиот Сојуз.

Па така, соработниците на Хитлер во Украина се претставени како борци против советската (читај: руска) “окупација“, со што и фашизмот и антифашизмот се поставуваат на исто рамниште, како окупаторски активности.

А, бидејќи токму Велика Британија го создаде и го растеше германскиот нацизам демек како одговор на растечкиот комунизам во триесеттите години од минатиот век, всушност, го создаде заради борба против советското (читај: руското) влијание во тогашна Европа. Па, со истиот жар како денес во случајот со Украина, која, за жал, е жртва на борбата против “руското влијание“, тогаш ги жртвуваше Полска, Чехословачка и останатите држави во хитлеровата борба против “советското влијание“.

Затоа, да не бидеме зачудени доколку после периодот на релативизирање на фашизмот и антифашизмот, се премине на втората фаза, на претставување на хитлеровиот фашизам како нужна одбрана од советското влијание, неговата окупација на европските држави како “ослободување“ на тие земји од “отровното“ руско влијание, а, убиството на седум милиони Евреи, како ликвидација на “руски шпиуни“.

И МАКЕДОНСКИОТ АНТИФАШИЗАМ НА ОТСТРЕЛ

Тоа ќе рече, дека дефинитивно треба да биде уништен или сатанизиран секој кој учествувал во антифашистичката борба за да се овозможи нов живот на новиот фашизам. За жал, бидејќи македонскиот народ е еден од ретките кој безрезервно бил на страната на антифашизмот и токму врз таа основа и ја формирал својата држава, денес се наоѓа во ситуација да му биде избришан идентитетот, а неговата држава да биде уништена.

Затоа, ние Македонците, уште еднаш мораме да го препознаеме фашизмот и цврсто да застанеме на вистинската страна, на страната на антифашизмот, колку и да изгледа невозможно да се порази големото зло. Зашто да се потсетиме, и на нашите дедовци на почетокот им изгледало така – невозможно. На крајот, го победиле, зашто биле на страната на вистината, на страната на честа, на страната на достоинството.

(авторот е претседател на МААК)