Љупчо Цветановски

Власта на Зокија во нова, најнова фејк-офанзива врз сетилата на Македонецот. Е сега, чесните криминалци ќе ја оправат правната држава која ја урнисаа. Да, почувствува ли национално бесчувствителната влада дека рејтигот им отиде по ѓаволите им и морските вештерки, па реши да го враќа со нова драмолетка. Овојпат, комуњарската пародија се вика „Глумиме правна држава“, а главните актери пак исти, од друштвото на Вилма енд компани. Несомнено, кастингот повторно го прави ридот, само овојпат до вчера позитивните им ликови Катица, Боки и дружината сега ги направија негативци. Иако, она првото, позитивното и онака ич не им стоеше, ама скроз. Знаете, она кога Кристофер Ли, Кристофер Вокен или Кристоф Валц глумат добричини…

„Ти си горе, а јас лежам долу… Подобро би било кога ти би лежел овде долу, а јас би бил горе. Многу подобро.“

Дали според максимата на овој аланфордовски епитаф на гробот на незнајниот јунак се води знајната ни Заева Влада?! Веројатно, оти сега кога силно почувствуваа дека народот и дефинитивно ќе ги „закопа“ на избори и ќе ги испрати во историјата, почнаа да глумат дека се борат за правото во државата која правно и национално ја уништија. Логично се поставува прашањето – дали Катица и Боки се крикот на очајникот?

Замислете само, оние истите ликови кои го впрегнаа Кацарска судството и Рускоска обвинителството и го пуштија на најјако, мизантропите кои без трунка совест осудија и затворија десетици луѓе само поради тоа што си ја сакаа државата и влегоа во Собрание на 27 април, антинационалните биљмези кои ги искористија истите обвиненија и СЈО за да насила со класично силување го сменат името на нашата држава (чин кој народот нит го одбри, нити некогаш ќе го одобри), е сега тие изместени ликови глумат правдољупци и ќе ја расчистувале и средувале државата?!

Демек, сега со саможртва на истрошени и криминогени статисти од сопствените им редови, со линч и праќање на Голи Оток на својата света Катица и на човекољубецот Бокија, Зоки, Стево, Оливер, и Нино од Димитрови ќе не убедат дека тие се безгрешните комуњари кои ќе ја вратат изгубената доверба во државата, во судството и обвинителството. Сачувај Боже, оваа петорка ќе го воскреснела правото, ццццц… Она, кога педофилот станува педагог, мало сутра…

Уште поверојатно, дека ова не им ни текна на нив, туку на некој од ридот, гарант. Ним толку, да бидеме искрени, не им сече. Колку и да чинот е патетичен и навредлив за интелигенцијата на народот кој го сметаа и сметаат за стока.

И така, самозаглавени во сопствениот измет кој наголемо го продуцираа овие две години, биљмезите сега режираат нова драмолетка, жанровски пародија, па по неуспешната и дефектна Заева „метла“, сега глумат сдсмовска катарза, привидно и „за раја“ прочистување на сопствените редови.

Да, факт е дека револуцијата ги јаде своите деца, само што сега е – каква револуција, такви и „јадења“, ќе видиме. А тоа не ќе да е поради вкусот или невкусот на Катица и Бокија, кој реално, не ќе да е пријатен. Сега, во моментов, сведочиме како шарената квазиреволуција продуцира квазидегустација на сопствените шарени чеда. Да ви се поврати. Бљак…

Иако сме во очекување, но пред да посведочиме на чинот на палењето на маичките со СЈО и самозапалување на небулозниот култ на биљмезите кон Катица и Фатиме, само да се потсетиме на правната држава на трансформираните инстант правдољупци:

-Зборуваме ли за оние чиј три пати аболиран„премиер“ и прецедник на партија Зоки толку нормално прифаќа да плати мито на севселенски патријарх (пранкот на Лексус и Вован), уценува премиер со „бомби“ (Пуч), бара мито (Поткуп) и редица други глупоштини?

-За истите оние кои не почитуваа одлука на народот на Референдум за неменливост на името;

-За генсекот Рашко, дете машко од тендерите од 7 милиони евра;

-За Фондот за иновации од кој се офајдија најнеинвентивните, но најзаслужни чеда комуњарски;

-За насилното со затворски уцени менување на Уставот на Македонија во Собрание;

-За стипендиите за деца на министерот Нино, полн ко „брод“, ама решен да ја исцица државата „до коске“;

-За пуштените убијци од „Монструм“ чии докази се исти до последниот, а се бранат од слобода;

-За патриотите осудени на по 15-на години затвор поради влез во Собранието при Пуч во законодавниот дом, виновни само што си ја сакаат државата;

-за Интегративците кои го уништија Охрид и го бркаат УНЕСКО, а без проблем бесправно си градат и на Матка и во пола Македонија, оти се се калапени и функционираат по иста матрица;

-За Вице компани кој ги доби сите тендери за марихуана и ископи по државата северизирана од брата му;

-за тендерот за центарот за авто-полагање, за Филмскиот фонд, за некултурната програма за култура, за „пајакот“ кој тепаше полицајки, за сексистичката поезија платена од граѓаните  за која Каевски никогаш не се покаја итн. итн. итн… Немаме 100 страници за набројување, нели?

Одговорноста за се’ ова беше и остана НУЛА! Никому ништо, абе не им фали ни влакно до главата.

За овие правдољупци ли зборуваме? За лукративните чеда бескрајно возљубени во парите, суруши на кои не им пречи „ококм-скоком“ да сторат се’ што некој од надвор ќе посака, само и само за да бидат на власт?

Е сега, во најновата епизода во ридско-боливудска нискобуџетна продукција, следува реинкарнацијата на правдината во државата, предводена од ликовите кои ја прегазија, расчеречија и си играат со остатоците на истата.

Онака, не ви пречи ли што еден секогаш „професионален“ новинар со недели пишуваше за криминалот за кој државата „ништо не знаеше“, па така сега наеднаш им текна дека бил во право, па со мега-акции се з’гнаа во оправање на усраното од оние кои и ги донесоа на власт (Кјети Џејн и СЈО компани), а потоа и ги бранеа и переа (Боки и медиумот му).

И што со оние што ги носеа и со пот „револуционерна“ и бои од екс Бихаќка ги валкаа маичките им со Фатиме, Ката и најфејк институцијата во светот? Па ли ве излажаа, а суруши? Сега ќе ги фрлите, горите, ќе се правдате дека ве наседнале? Не бе, чеда лесноумни, бевте глупи. Точка.

А властодршците непрокопсани кои мислат дека со оваа лажна чистка во сопствените редови ќе добијат датум за преговори со ЕУ и дека ќе го оттргнат вниманието од срамот и потсмевот на Заевата ала Порошенко авантура, нека смислат нешто ново и поинвентивно од вашите Боки и Катица во затвор.

Да, несомнено, дефокусов со затворањето на „ваши“ ви е одличен, некој се намачил со сценариото со најави од новинарот, дигање тензија, очекување разврска, перипетии и бууум, апсења, ама евтино е бе „другари“, многу. И веднаш, „чистиот“ Димитров најавува борба со криминалот, цела комуњарска новинарска „ергела“ се става во погон, ФАБРИКАТА забревтана, ечи и работи со полна пара. Истите „професионалци“ што до небо ја воздигнуваа и идолатрија со една неписмена лидерка на политичко обвинителство правеа, сега онанираат врз истата. Да, факт е дека испадна вистина, поспецијално обвинителство немало, никаде во светот, абе и попрофесионалци, здравје… Ууууу, се наежив…

Абе, бркајте работа и фатете се за работа. За нешто конкретно де. Доста гребете патишта и ги асфалтирате со 1 цм и мовчиња од 3 метри по 4 месеци санирате, ДДВ поврати од кои да ти се поврати измислувате и по светов бел и цел се задолжувате. Доаѓа време за плаќање на долгот, башка избори…

Оти, срцки наши, мала држава сме, а кругот е малечок и во него сме сите.

Да, да не биде и по Боки, Зоки. И онака се другарчиња, нели, па чуму да ги делиме…