Не сте заборавено село, порача Дритон Небиу, директор на Агенцијата за управување со одземен имот, која обезбеди транспортно возило Ситрон џампер за џамијата во Општина Арачиново.

Информацијата лично ја сподели директорот Небиу:

– Општина Харачина (Арачиново) не е „заборавено село“ туку е Општина која заслужува и има потреба од безброј грижа, особено од државните институции, така што мојата соработка со граѓаните ќе биде континуирана.Нашите активности ќе продолжат, нема да застанеме тука! “ објави директорот на агенцијата, Небиу, на својот профил на Фејсбук.

На социјалните мрежи подоцна директорот објави уште еден предлог за отстапување имот. Но, овој пат за Бигорскиот манастир, а добрата што ги отстапува се: 10 килограми темјан, лустер, кандило, крстилница, црковен мебел, чајник, теписи и др.

Ваквиот предлог поминал на Управниот одбор на Агенцијата, а останува амин да даде и Владата.