Со читање поезија, минута молк и политички говори за неопходноста од борбата против климатските промени, исландски функционери, активисти и други присутни се простија од некогашниот глечер Окјокул.
Станува збор за првиот исчезнат глечер во Исланд, кој тамошниот геолог Одур Сигурдсон уште пред 10 години го прогласи за мртов.
Сигурдсон вчера на комеморација, во присуство на медиумите, донесе и посмртница, додека деца поставија спомен плоча, посветена на глечерот, што сега само се вика „Ок“
На спомен плочата е испишана пораката за идните генерации: „Овој споменик е признание дека знаме што се случува и што треба да се направи. Само Вие ќе знаете дали тоа го направивме“.
Сигурдсон предупреди дека за 200 години од Исланд ќе исчезнат сите глечери.