Како што неофицијално дознаваме, Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на РМ, чиј претседател е д-р Миле Босилковски од Инфективната клиника, утрово одржала итна седница по повод настаните со корона вирусот и ги ставила на дневен ред следните заклучоци:

-градинките, основните и средните училиштат и факултетите да запрат со работа во наредните 14 дена;

-се забрануваат сите јавни собири, сите културни настани, а спортските натпревари да се одвиваат без публика;

-забрана на извоз на медицинска опрема, освен со посебна дозвола од МЗ;

-задолжителна самоизолација на сите кои доаѓаат од ризични подрачја;

-возрасните и ризичните групи да го ограничат своето движење и уште неколку други мерки.