Навивачката група Комити упати емотивна порака преку Фејсбук во чест на својот прерано изгубен комита Никола Саздовски Саздо, кој пред нецела година беше убиен во Скопје, судскиот процес се уште трае, а еден од убијците е во бегство.

– Ги чу ли песните кои ечеа на Аеродромот кога се појавија хероите? Ја слушна ли химната на Македонија како одекна од плоштадот Македонија како никогаш предходно? Допре ли до тебе Комитската химна отпеана на крајот на прославата? “За една љубов живееме…” отпеана од 150.000 грла, таа Саздо, а не ‘Ајде ајде ајде Вардаре’ која ја знаат сите… Дали на небото ги почувствува вибрациите создадени од адреналинската бомба, како во оние времиња кога заедно го правевме тоа на трибина во еуфорија, во моментите кога сите во еден глас скандираа “Никогаш Северна, Само Македонија”? Минатата заедно ја прославивме, но оваа е за тебе Шампионе, за твојата љубов кон Вардар и жртвата за Македонија! Почивај во мир, брату наш, гласи пораката од Комити до комита Саздо, по повод синоќешниот пречек на шампионот Вардар.