Дел од медиумите блиски до власта објавија дека во тек се апсења на високи полициски службеници во Министерството за внатрешни работи, од екипата на Наќе Чулев.

Како што дознава скопски Курир, лицата кои се уапсени се вработени за кои се постапува по наредба на Јавно обвинителство, а не се блиски до министерот Чулев.

Курир објави дека според информациите на порталот, уапсените се лица вработени во секторот “прикриен криминал“, што е дел од БЈБ кој е под контрола на дополнителната заменичка Славјанка Петровска.