СДСМ денеска во 18 часот ќе одржи конгрес на кој се очекува да ја официјализира поддршката за втор мандат на актуелниот претсдетел, Стево Пендаровски.

Предвидено е најпрвин да се одржи работниот дел од Конгресот, по што медиумите ќе можат да го проследат обраќањето на поддржаниот кандидат за претседател на државата, соопшија од прес-службата на СДСМ.

Пендаровски во петокот објави дека ќе се кандидидира за втор мандат. Изрази очекување дека СДСМ ќе ја формализира поддршката за неговата кандидатура на конгресот, по што од понеделник ќе почне со разговори и со десетте партии од таа коалиција, кои најавиле дека ќе го поддржат во трката за претседател. Пендаровски ги повика граѓаните од 3 март да го поддржат и со собирање на потписи.