Конгресменката од Републиканската партија Лиса Меклејн, спротивно на наредбата на американскиот претседател Џозеф Џо Бајден за придржување кон Договорот од Преспа, нашата земја ја именува Македонија без придавката Северна.

Конгресменката Меклејн од Мичиген Денот на независноста и го честиташе на државата Македонија, а не на Северна Македонија.

– Би сакалa да им посакам на #Македонија и на моите македонско-американски пријатели во #М10 (областа 10 во Мичиген) многу среќен ден на независноста! #Македонија30”, твитна конгресменката Меклејн.

Таа е конгресменка од редовите на Републиканската партија, а избрана е делумно и со гласовите на Македонците во овој дел на Соединетите Американски Држави.