Перу го порази шампионот Чиле со 3:0 и се пласираше во финалето на Копа Америка, каде што ќе се соочи со домаќинот Бразил.
„Инките“ одиграа тактички совршен натпревар и не му оставија шанси на фаворизираниот тим на Чиле.
Едисон Флорес и Јошимар Јотун постигнаа до пауза, а ветеранот Хозе Паоло Гереро реализираше во додаденото време.
За Перу ова ќе биде првиот финален натпревар на турнирот од 1975 година, кога ја освои титулата.
Чиле е владетел на Јужна Америка од 2015 година, откако триумфираше во последните две изданија на турнирот, но овојпат нема да учествува во дуелот за тофејот.