Мауро Икарди од Интер и Федерико Киеза од Фиерентина се следната цел на директорот на Јувентус, Фабио Паратици.
„Кориере ди Торино“, наведува дека преговорите се во завршна фаза и дека играчите се уверени да се приклучат на италијанскиот шампион.
Двајцата играчи последниве месеци биле многу блиски со Паратици кој работи на тоа да ги напуштат нивните соодветни клубови Фиорентина и Интер.
Сепак, истиот извор додава дека новите засилувања нема да дојдат во Торино за мала цена, така што Јувентус ќе треба да продаде некого од своите играчи.