Вчера доцна вечерта, по наредба на судија на претходна постапка направен е претрес во Тетово во домот на членот на Советот на обвинители Иџет Мемети, и претрес во службените простории на советот на јавни обвинители.
Сомнежот, како што објави порталот Курир, е дека истиoт заедно со Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалникот, кој е во притвор, Боро Стојчев познат како Боро Малборо.
Иџет Мемети важи за близок до ДУИ, и беше во два мандати народен правобранител. Тој е и поранешен министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.
Во текот на денот се очекува какви мерки ќе бидат определени против Мемети.
Извор: Курир