Во седмиот натпревар од финалето на турскиот кошаркарски плејоф, Анадолу Ефес го победи градскиот ривал од Истанбул, Фенербахче со 89:74 и стана шампион на земјата.
Најефикасен играч на средбата беше напаѓачот Шен Ларкин со 38 поени кој го доби и признанието МВП.
За Ефес ова беше вкупно 14 титула шампион на Турција и прва по десетгодишната доминација на Фенерббахче.
Оваа сезона Ефес играше и во финалето на Евролигата каде загуби од ЦСКА Москва.