Хрватските ватерполисти се пласираа во полуфиналето на Суперфиналето на Светската лига откако славеа во четвртфиналето против јапонската репрезентација со резултат 20: 13.

Хрватска беше поуспешна од Јапонија со 4:3, 6:3, 5:2, 5:5 по четвртини, а најефикасен кај победниците беше Лорен Фатовиќ со пет голови, додека кај Јапонците исто така со пет голови постигна најпрецизен беше Инаба Јусуке.

На полуфиналето кое ќе се одигра утре Хрватска ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Шпанија и Казастан. Вториот полуфинален натпревар ќе буде меѓу Австралија и победникот од последниот четвтфинален дуел меѓу Србија и Канада.

Инаку, победникот на Светската лига ќе добие директен пласман на Олимписките игри во Токио 2020.