Кошаркарите кои се дел од националната селекција до 20 години денеска ќе играат против репрезентацијата на Црна Гора,  во рамките на турнирот кој од денеска, па сè до недела ќе се одржи во Скопје.

Младинците ги започнаа подготовките на 1 јуни, а по неколку одржани тренинзи и извршени лекарски прегледи заминаа за Маврово, каде одиграа пријателски натпревар против врсниците на Косово, а по неколку дена во Скопје одиграа двомеч со репрезентативците на Бугарија.

По одигрување на овој турнир, младинците ќе заминат за Унгарија на пријателски натпревари, а потоа ќе разигруваат и со Бугарија пред патувањето за Португалија каде ќе се одигра младинското европско првенство (дивизија Б).

Натпреварите од турнирот во Скопје ќе се одиграат во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“, а освен домаќинот и Црна Гора, ќе учествуваат и репрезентациите на Косово и Русија, кои исто така првиот натпревар ќе го играат вечерва во 20 часот и 15 минут