Српска листа денеска ќе ја предаде листата со кандидати за вонредните парламентарни избори на Косово.

Одлуката била донесена после консултации со српскиот претседател Александар Вучиќ и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ, соопшти партијата.

Српска листа ќе ја предаде листата со кандидати во 13:30 часот по локално време, а по пријавата во Централната изборна комисија, изјава ќе даде и партискиот лидер Горан Ракиќ.