За две години СДСМ направи повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години, изјави вечерва пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.

– ВМРО-ДПМНЕ ги заборави граѓаните, ги остави без водовод и канализации, а сега шири лажна загриженост. За 2 години СДСМ направи повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години, повторува на Фејсбук Костадинов.

Пратеникот и портпарол Костадинов кажа што кажа, ама не прецизно што тоа всушност направи СДСМ за две години, а не направи ВМРО-ДПМНЕ за единаесет!? Оти има правено и арно и лошо. Белки Костадинов не мислеше дека СДСМ за две години успеа да го смени името на Република Македонија што навистина на ВМРО-ДПМНЕ не му успеа за 11 години.

Медиумите имаат обврска вистинито да ги објавуваат информациите и да не шират лажни вести. Но, и изворите исто така. Оти утре на некоја прес-конференција или на некоја владина дебата, кога пак ќе се говори за лажни вести и за тоа кој ги шири истите, повторно вината ќе се лоцира во „опозициските медиуми и децана од Велес што влијаеја на претседателските избори во САД“.

(Д.Г.)