Да, падот на СДСМ е слободен пад, ама стрмоглав и катастрофален – во длабока бездна. Поука: Харизмата е во народот. Никој не излегол на крај со народот. Тој е најмоќен. Дава власт и суверенитет, ама и одзема. Крајно време е ова да го научат корумпираните и неморални политичари, вели аналитичарот Сотир Костов за КУРИР.
Македонија беше во слободен пад со владата предводена од СДСМ, а сега како бумеранг слободниот пад им се врати во самата партија.
Прво народот го казни СДСМ за сите злодела кои ги нанесе, за погазувањето на народната воља…, а ги казни самото нивно членство.
Слободниот пад на СДСМ е во континуитет. Преку Зоран Заев, Димитар Ковачевски, Венко Филипче…
Иако Венко Филипче говореше дека на почетокот на неговиот мандат како претседател на СДСМ, запрел падот во рејтингот во партијата и започнала консолидација, фактите говорат нешто сосема друго- ВМРО-ДПМНЕ има тројна предност пред СДСМ.
Ако се одржат избори 27,2 посто од граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ а нецели 10 отсто за СДСМ, покажа последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје.
Граѓаните го препознаа ангажманот во првите сто дена од новата влада, па затоа поддршката се зголемува. Проектите кои беа реализирани во овие сто дена ја „забетонираа“ досегашната поддршката кај граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче пак, најави дека на почетокот на следниот месец ќе се формира нов Централен одбор, а потоа и ново раководство на партијата.
Во меѓувреме, лидерот на СДСМ тврди дека има бројни средби со луѓе во општинските организации, а истите имале одличен фидбек на членови кои веќе се враќале кон партијата.
Но според анкетите, во Филипче доверба имаат само 5,5 % од граѓаните, тој дури не е ни на вицешампионското, туку на трето место.
Премиерот Христијан Мицкоски е најпопуларен политичар- во него најголема доверба имаат 27,8% од граѓаните. Следен е Ахмети во кого веруваат 8,6%, па дури потоа следи Венко Филипче со 5,5 отсто.
Дека слободниот пад на СДСМ е во континуитет покажа и анкетата која и претходеше на ИПИС, односно анкетата на Маркет Вижн која беше спроведена од 16 до 24 септември 2024 година. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и тогаш имаше зголемен рејтинг и беше прво место. Според неа, тогаш 45, 2 % од испитаниците се изјасниле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 11, 2 % за СДСМ. Дури и партиите ДУИ и ВРЕДИ имаа поголем рејтинг од социјалдемократите.
Според Костов падот е стрмоглав и катастрофален
На што се должи тоа?
Од кога почна слободниот пад на СДСМ?
На овие прашања, КУРИР одговор побара од аналитичарот Сотир Костов.
Според Костов, падот на СДСМ е слободен пад, ама стрмоглав и катастрофален – во длабока бездна.
-Најконкретен одговор на ова прашање, одговор ин медија рес (во центарот на метата) е – од кога СДСМ почна да практикува најгрда демократија без народ. А тоа е периодот кога Зоран Заев со примена на филозофија на паланката почна да ја присвојува власта, иако не победи на избори (2016/2017г.). Тој на македонската јавна и политичка сцена воведе една треш политика (политика на пластично ѓубре – отпад). А кога во 2018-тата го воеде и бруталното непочитување на слободно изразената воља на народот (Референдум, септември 2018-та), т.е ја погази народната воља, уште тогаш партијата што ја раководи (СДСМ) стана една обична долдрум(тапа) партија, која во јануари 2019-та воведе и политичко насилие во Собранието на Република Македонија и насилно, шверцерски и со политички терор го смени Уставот на РМ и нашето исконско име Македонија.
Со неговата дневна политика на лаги и манипулации (наутро “да“, напладне “можеби“, а навечер “не“), тој и СДСМ почнаа да не уверуваат дека: Привидот(што тие го создаваа) е поверодостоен од реалноста(која ние ја живеевме); Дека сликата(која беше искривено огледало) е поважна од суштината на нештата; Дека впечатокот(создаван со спинување – извртување) е побитен од вистината за работите, односите, состојбите, настаните и луѓето; и дека илузијата(што ни ја наметнуваа) е поуверлива од мерливиот доказ, нешто што ниту било, ниту некогаш ќе биде.
Така СДСМ предводена од З.Заев, не понижи како со Договорот од Нивице, така и со подметнатиот Договор за добрососетство и соработка со Бугарија, и влеговме во една лимбо состојба, од која, барем за сега, никако да излеземе. Народот се бунеше, власта го застрашуваше и му се закануваше, се создаде состојба на недоверба, голем ненадоместлив и непоправлив јаз, па така се допре дното. Во политиката и животот. Наместо “Едно општество за сите“ добивме антиопштествен дух и раздробено општество, поделени локални заедници, со големи етнички и социјални дистанци.
Костов смета дека кога во 2021-та Заев катастрофално ги изгуби Локалните избори, побегна од политичката сцена и без избори го наметна Димитар Ковачевски, како лидер на СДСМ и премиер.
-Е, Ковачевски, го проби тоа дно и како држава, како заедница, со него , со СДСМ и ДУИ допревме во дно на дното. Без легитимитет, немаше никаков кредибилитет како во СДСМ, така и во Влатата на РМ. Тоа го искористи ДУИ, и почна да царува корупцијата, која стана институционална, во самите врвови на власта. Така СДСМ, од македонската заедница направи аномично општество (аномос – беззаконие), општество на беззаконие. Функционерите на СДСМ и ДУИ, почнаа да ги изигруваат должностите, не покажаа никаква одговорност, а за етика и морал и да не зборуваме, тие поими за нив се непознати. Со коруптивни политики вредносниот систем се распадна, уставните, правните, законските и подзаконските норми изгубија секаква смисла и важност, и како држава западнавме во криза(уставна, политичка, правна, економска, социјална).
Криза во која царуваше владиниот синдром “Зошто-да-не“, кој се состоеше во, како прво, се е дозволено(се случија најголемите лоповлуци од политичарите, бизнис и градежната мафија), се е можно(не понижија пред Бугарите со “Францускиот предлог“, т.е. Преговарачката рамка, Гоце Делчев бил Бугарин, а не Македонец, ние сме ја краделе бугарската историја, и уште многу други глупости, еднакви на политички хомокретенизам), и се поминува(демек ќе се пробутка и промената на Уставот за влез на Бугарите во него, Срамната афера Бехтел и Енка – лоповлук на векот изразен во милијарди евра). Националните и државните интереси беа запоставени, дури и предадени, ама затоа, царуваа личните(на премиерот, министрите и директорите) и партиските(на СДСМ и ДУИ) интереси. Јавниот интерерс изигран, а јавно добро како да не постоеше.
А сиротиот народ македонски западна во немаштија и невидена сиромаштија(невработеност, исселување, безброј социјални случаеви). Арно ама не било баш дека “се поминува“(“принцип на Фајранбонд“): Дојдоа Претседателските и Парламентарни избори 2024-та, народот излезе во голем број на гласање и гласајќи за опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со големо мнозинство, ја симна ненародната, неморалната и коруптивна власт на СДСМ и ДУИ. СДСМ беше отфрлена, засрамена и сведена 18 пратеници (“бонсаи ефект“), што е историски најслаб изборен резултат на таа партија.
Поминаа 5 месеци од изборите, а СДСМ сместена во политичка “магарешка клупа“, никако да се опамети. Закажа конгрес, не го одржа, туку го одложи. Избра претседател со 9000 гласа на партиските членови(каде се 120 000 члена за кои се фалеа), што е нелегитимно. А згора на тоа и пет месеци партијата е без партиско раководство (Новиот претседател Филипче се мисли, па се дума, па пак се мисли, и никако да смисли нешто паметно и рационално, во смисла на одржан конгрес, избор на раководство, реформа на партијата и креирање на паметни и ефикасни политики).
И за крај: да падот на СДСМ е слободен пад, ама стрмоглав и катастрофален – во длабока бездна. Поука: Харизмата е во народот. Никој не излегол на крај со народот. Тој е најмоќен. Дава власт и суверенитет, ама и одзема. Крајно време е ова да го научат корумпираните и неморални политичари, потенцира Костов.