Денеска имав одличен состанок со нашиот драг пријател Лорд Стјуарт Пич на кој разговаравме за предизвиците со кои се соочува регионот на Западен Балкан и за Северна Македонија како фактор на стабилноста на истиот, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

– Нашите НАТО сојузници од Обединетото Кралство ја препознаваат конструктивната улога на Владата во процесот на евроинтеграциите на земјата. Воедно нагласена е значајноста на нашата надворешна и безбедносна политика во однос на Украина и улогата како земја претседавач со ОБСЕ во време на тешка безбедносна ера за Европа, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.

Патем, Ковачевски објавува и повеќе фотографии од средбата, за да ја информира јавноста за уште еден негов „одличен состанок за интеграциите во ЕУ“, со претставник на земјата која ја напушти Европската Унија.