Премиерот Димитар Ковачевски му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека ќе нема предвремени парламентарни избори и дека подобро е да се фати за работа, наместо постојано да повторува за предвремени избори.

„Прашањето на предвремени избори кое Мицкоски го најави за декември, па го презакажа за јануари е затворено, бидејќи тој тврдеше дека има парламентарно мнозинство од 61 пратеник, а на крај се покажа дека оваа Влада има зголемено мнозинство. Изборите ќе бидат во редовен термин, прво претседателските, а потоа и парламентаните изборои на кои ќе формираме проевропска влада“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ управува со 50 општини и дека треба да се посветата на работа во општините, наместо постојано да повторува за предвремени избори.