Граѓаните да бидат спокојни, парно греење ќе има и денеска и утре и викендов и секогаш кога е ладно, објави денеска мандатарот на новата Влада, Димитар Ковачевски.

– Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура. Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владините претставници детално ќе информираат за решението на вечерашната прес конференција. Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно, објави Ковачевски на неговиот профил на Фејсбук.

Вчера од компанијата БЕГ која го снабдува Скопје со топлинаска енергија информираа дека резерви на гас за обезбедување топлинска енергија имаат само уште за денеска.