Димитар Ковачевски незаконски именувал декан на факултет во партиските тела на СДСМ со што директно го прекрши Законот за високо образование, истакна денеска Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски уште не дојден на позицијата премиер, во стилот на неговиот наредбодавател Заев почна со кршење на законите. Пиунот на Заев Димитар Ковачевски во својот ИО, го сместува Мишко Ралев, професор, декан на Факултетот за архитектура и дизајн. Со тоа прекршен е Законот за високо образование на Република Македонија, закон донесен во 2018 година, во владеење на СДСМ. Ова зад мене е дел од законот, член 114 , став 3 е дециден, „Вршењето на должноста декан и продекан, е неспоиво со вршење на друга јавна функција или функција во политичка партија“. ИО на СДСМ е највисокото партиско тело во една политичка партија, вели Стоилковски.

Тој додава дека и пиунот на Заевм Ковачевски но, и од Деканот Ралев одлучиле да го прекршат законот за високо образование.

-Оттука, бараме, пиунот на Заев Ковачевски да го исклучи Мишко Ралев од Извршниот Одбор на СДСМ или пак Ралев да си поднесе оставка од позицијата Декан. Истовремено, по ваквото именување, но и прифаќање на Ралев да биде дел од Извршниот Одбор на СДСМ, со што го крши законот за високото образование, очекувано е тој да се повлече од функцијата во високото образование. Се поинаку е доказ за натамошна партизација, тонење во хибриден режим, тонење во заевизмот, додава Стоилковски.