Јас сакам поскапувањето на струјата за граѓаните да биде најниско што е можно, изјави вечерва директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.
Сепак, директорот Ковачевски, не сака да шпекулира со бројки.
– Уште од сега се знае дека ќе има поскапување од јануари. И не само кај нас. Јас сакам поскапувањето за граѓаните да биде најниско што е можно. Не можам да шпекулирам со бројки. Блок тарифите ги завршуваат работите, изјави Ковачевски.
Ковачевски, во гостување на ТВ Канал 5, рече дека рестрикции не се предвидени.