„Работната посета на премиерот Ковачевски и делегацијата од ресорите економија и енергетика е за справување со последиците на светската енергетска криза“,соопштија од Владата, но нема детали со кого ќе се сретне премиерот и за што поконкретно ќе се разговара.

На самитот на Отворен Балкан во Белград лидерите најавија дека ќе побараат помош од ЕУ, чија членка е и Бугарија.

Во синоќешното интервју за РТС Ковачевски спомена дека се комуницира со Бугарија за обезбедување електрична енергија бидејќи тоа е една од земјите во Европа која има нето вишоци на струја благодарение на тоа што поседува нуклеарна централа.