На денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, премиерот Димитар Ковачевски во Собранието на Македонија рече дека пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, чие име не го соопшти, вчера ја снимал пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска – Ванчева на 15 сантиметри од нејзиното деколте.

Премиерот кој треба да одговара на пратеничките прашања постави прашање: Што ќе прави пратеникот со оваа снимка?

– Кревање на тензии не одговараат на никого. Свесен ни е народот за деструкцијата која е само од опозицијата. Ако се погледаат снимките на кои претседателката на Законодавно-правната комисија од пратеник, кој во моментов ми се смее, со мобилен телефон ја снима на 15 сантиметри од нејзиното деколте. Не знам што ќе и прави на таа снимка!?- се чудеше Ковачевски.

Премиерот освен што знае за снимање деколте од близу, за што има став, долго му требаше да ја прегледа снимката што прави неговиот коалиционен партнер Талат Џафери кога им се дере и пцуе на собраниските службеници. И дали тоа е неговиот глас!?

Но, откако Ковачевски заедно гледаше фудбалски натпревар со Џафери во Чаир, можеби му се разјасни снимката, а се смирија и страстите во Собранието и јавноста.

Сега останува „пратеничкото“ прашање од граѓаните до Ковачевски: Што ќе прави премиерот со снимката на која сите видоа дека пратеникот и претседател на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, фрла со филџани, тацни и шишиња по опозициските пратеници!?

Видеото за кое е загрижен премиерот Ковачевски може да го отворите ТУКА.

(Д. Г.)