Од 1949 година не бил организиран самит на НАТО во исто време додека се води војна на европскиот континент, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски, кој заедно со сопругата Елизабета престојува во Шпанија.

– Војната во Украина предизвика уште повеќе од хибридните закани со кои ние се соочуваме во изминативе 4 години. Зборувајќи конкретно за РС Македонија, можам да ви кажам дека со овие хибрдини закани кои ни доаѓаат од Руската Федерација од 2018 година од нашиот референдум за смена на името, кога го сменивме името на државата за да влеземе во Алијансата, рече Пендаровски.

Заедно со Пендаровски во делегацијата во Мадрид се и министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Видеото може да го отворите ТУКА. Изјава на Пендаровски дека нема да се смени името на Република Македонија може да отворите ТУКА.