На пратеничкото прашање од ВМРО-ДПМНЕ дали како родител е подготвен да ги амнестира осудените за Монструм, премиерот Димитар Ковачевски најави амандман на предлог законот. Штом законот ќе влезе во собраниска процедура, доколку има такви случаи, пратеничката група на СДСМ ќе поднесе амандман со кој истите ќе бидат исклучени од можноста за амнестија, одговори Ковачевски од собраниската говорница.
Хаки Азири и Фејзи Азири, двајцата осудени за помагање во случајот Монструм, можат да бидат амнестирани со законот за амнестија што го изготви Министерството за правда. Нивните бранители за медиумите изјавуваат дека делото за кое се осудени е само „помагање“ во предметниот случај, а осудените веќе отслужиле две третини од казната.
Министерот за правда Кренар Лога денеска не сакаше да коментира дали законот за амнестија им оди во прилог на двајцата обвинети за Монструм. Лога повтори дека законот бил ист и во 2018 година и очекува поддршка од пратениците бидејќи истиот закон е донесен во тој период.