Премиерот Димитар Ковачевски претпладнево во Владата ќе има средба со лидерите на партиите од владината коалиција на која ќе се разгледува предлогот на француското претседстелство.
Ковачевски на Фејсбук објави дека средебата со која се отвора процес на широки консултации, ќе се оджи во 11:00 часот.
– Веднаш по средбата, предлогот во интегрална форма ќе го објавиме на официјалната веб страна на Владата. Во текот на денот, покрај средбата со коалицијата, ќе се одржат низа консулатации и разговори со експертската и стручната јавност како и медиумите. Како што веќе најавив вчера целиот процес ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори. Повикувам на одговорност од сите релевантни чинители во општеството, шпекулации за важни државни и национални прашања не одат никому во прилог, наведува Ковачевски.
Тој апелира до сите политички актери и медиумите да се потпираат на официјалните информации од институциите и побара конструктивност и поддршка од сите чинители за да се донесе мудра одлука во интерес на сите граѓани.
За тн. нов предлог кој вчера го најави францускиот претседател Емануел Макрон синоќа имаше бурни реакции од јавноста и опозицијата, а бугарски медиуми и политичари изјавија дека не станува збор за нов предлог туку само нашминкана верзија од стариот кој беше неприфатлив и за Ковачевски.
Јавноста брзо реагира дека со прифаќањето се нанесува штета на Македонија. Таканаречениот нов предлог на Макрон, вчера експресно беше прифатен од претседателот на Бугарија Румен Радев, премиерот во оставка Кирил Петков, како и други бугарски политичари кои нагласија дека е во полза на Бугарија.