Заедничка вежба на полициските единици при Одделот за специјални полициски операции на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и специјалните полициски единици на Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија ќе се одржи денеска во Софија.

На вежбата, како што е најавено, ќе присуствува и делегација на МВР, предводена од министерот Оливер Спасовски, која претходно ќе одржи и билатерална средба со бугарската делегација.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков изутринава го пречека македонскиот колега Спасовски, кој заедно со делегација на МВР е во посета на Бугарија.

Рашков му искажа добредојде на Спасовски на влезот во Министерството за внатрешни работи на Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.

Рашков рече дека посетата на Спасовски на Бугарија е навремена, со оглед на претстојното започнување на евроинтегративните процеси на Македонија.

Двајцата министри и делегацииите ќе имаат билатерална средба, по што ќе присуствуваат на заедничка вежба на спедијалните полициски единици на двете земји.