Никогаш не зборувам колку ми трае работниот ден, ама можете да претпоставите и од посетата на Бугарија и доаѓањето на Кирил Петков и носењето на сите одлуки досега, рече премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за националната телевизија МТВ1.
На прашањето за негова оценка на 10-те дена како премиер на неговата нова функција тој ги оцени како „турбулентни“.
– Искрено ми беше турбулентно од аспект на задачите кои ги имав јас и членовите на Владата. Никогаш не зборувам колку ми трае работниот ден, ама можете да претпоставите и од посетата на Бугарија и доаѓањето на Петков и носењето на сите одлуки досега. Не останува многу време за себе и семејството, меѓутоа се уште сум млад, така да за сѐ ќе има време. Важно е сега да ја одржиме стабилноста на енергетскиот систем, рече Ковачевски за новата функција во интервјуто за МТВ 1.