Премиерот Димитар Ковачевски денеска го посети манастирот Св. Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка, каде запали свеќа.

Тој рече дека денеска е ден кога треба да ја празнуваме хуманоста.

– Денеска заедно со верниците од тетовско и гостиварско присуствував на светата литургија во манастирот „Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка, по повод истоимениот христијански празник. Празниците нè зближуваат, а денеска е голем ден на кој ја празнуваме хуманоста. Наум Охридски Чудотворец целиот свој живот го посветил на помагање и на хумани дела. – напиша Ковачевски на Фејсбук.