Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ДРаган Ковачки преку статус на Фејсбук пишува дека над месец дена некој се исмева со цел безбедносен систем и никој не реагира.

-Пак дојави со бомби во средните училишта во Скопје. Македонијо на какво дереџе те дотераа. Над месец дена некој се исмева со цел безбедносен систем и никој не реагира. Спасовски си тераше турнеја низ Европа и си се фокусира на партиските обврски, Виктор Димовски со паметот е во Париз, а учениците повторно губат настава, пишува Ковачки.

Секако, додава пратеникот Ковачки, министерот за образование не е засегнат со овие состојби.

– Тој се’ уште е фокусиран на набавката на учебници. А Ковачевски, премиерот, тој не е оттука. Се спрема за премиер од 2024 година. Оставка неспособни! пишува Ковачки на Фејсбук.