Како што нашиот градоначалник во Свети Николе две и пол години гради, така ќе работи идната централна власт, односно владата на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

-Овде се гради со визија, со стратегија со план и тоа граѓаните го чувствуваат.

Денеска ќе оствариме средба и со пензионерите и со земјоделците, да ги видиме категориите на граѓани кои беа отфрлени од СДС.

Тука сме да ги понудиме нашите проекти, да кажеме дека по 5.000 денари линеарно ќе ја зголемиме пензијата на сите пензионери и да кажеме дека 800 милиони евра ќе вложиме во земјоделието.

Тука сме да кажеме дека е дојдено времето за промени, тука сме да потврдиме дека Гордана Силјановска Давкова треба да биде идниот претседател на Република Македонија.

Сите граѓани ги замолувам и повикувам на 24 април да излезат и масовно да се приклучат на промените, да го дадат својот глас за горда Македонија, за твоја Македонија, рече Ковачки.