Ве повикуваме уште еднаш да го погледнете преводот на изјавата, цениме дека е направена грешка во преводот, намерна или не намерна од службите, вели пратеникот Драган Ковачки и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ова го кажа на денешната прес конференција во врска со изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц која беше пренесена дека вели „гарантирам дека нема да има нови условувања за пристапните преговори на државата“.

-Изјавата на канцеларот Шолц е дека не треба да има нови условувања, што секако е и наш партиски став, меѓутоа тоа не се гаранции дека нема да има нови условувања, рече Ковачки.

Но, исто така, додаде Ковачки, искуството покажува дека дури и да има таква изјава, потсетуваме дека беа безбројни изјавите, тапкањата по рамо и по договорот од Нивици.

– Ќе ве потсетам на изјавите и тапкањата по рамо уште пред договорот во Нивици, после кој што Македонија практично не доби ништо и се уште сме во чекалницата на Европската унија, рече Ковачки.