Германскиот канцелар Олаф Шолц по средбата со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во Берлин даде јасни и силни гаранции дека нема нови условувања за С. Македонија, се истакнува во денешното соопштение од СДСМ, кое подолу го пренесуваме во целост:

Шолц нагласи дека пристапните преговори за С. Македонија кон ЕУ треба да се одвиваат по редовен процес, според постапките кои се управуваат од ЕУ, дека тоа се работи кои се веќе напишани на хартија и не треба да има други што се однесува до билатералната состојба меѓу С. Македонија и Бугарија.

Германскиот канцелар уште еднаш изрази голема почит за македонскиот идентитет, јазик и историја и за огромните напори што С. Македонија ги вложува во реформи на патот кон ЕУ.

Сега е време за планираната промена на уставот, сега е време за храбри и државнички одлуки кои ќе ни го отворат патот до ЕУ.

ЕУ е стратешка цел на државата и на граѓаните, кои заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, да имаат можност за подобра, побогата иднина, повисок животен стандард.

Центар за комуникации на СДСМ