Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија регистрирани се 600 прекршоци за неносење лична заштита на лице

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Вчера, пак, беа регистрирани изненадувачки мал број на новозаразени, вкупно 37. Најверојатно поради викендот кога работат само приватните лаборатории и помалиот број на тестирани лица.