Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 320 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот,  соопшти Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 16 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 20, во ковид-центарот во Гостивар 17, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани четири, во Кичево 12, Кавадарци 16, во Гевгелија две лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Од Министерството за здравство потсетуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 584 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.  Од ресорното министерство информираат дека имаат увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.