Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани осум нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 290 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало два приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало четири нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника два во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени осум оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 94 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има осум пациенти.

Вкупно 290 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 109 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението.