Казнети се 37 граѓани за неносење заштитна маска на лицето во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија.

Мерката за носење на заштитна маска на отворено е укината, со препорака за носење на маска кога лицата се во поголема група, а останува на важност мерката за задолжително носењето на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.

Но, како што можеа да видат граѓаните, есенва пред изборите и во текот на кампањата маски не носеа ни во затворено ни на отворено и тие што ги пропишуваат мерките поради кои граѓаните плаќаат казни.