Пандемијата на коронавирусот веројатно долгорочно ќе влијае на менталното здравје ширум светот, предупредуваат европските канцеларии на Светската здравствена организација (СЗО) во новиот извештај објавен денеска.
„Психолошките лузни што ги остави пандемијата произлегуваат и од инфекцијата и од стравот од инфекција, но и од психолошките последици од заклучувањето и самоизолацијата, за што многумина се одлучија во обид да го запрат ширењето на болеста“, наведува СЗО.
Покрај тоа, и грижата за невработеноста, финансиите и социјалната изолација може да доведат до пад на општото ментално здравје, се предупредува во извештајот.
– Луѓето во европскиот регион буквално се распаѓаат под притисоците на Ковид-19 и неговите последици“, рече регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.
Тој истакна дека последиците од болеста во голема мерка ќе влијаат на менталното здравје и благосостојба на луѓето.
Во исто време, како што рече Клуге, „пандемијата им дава шанса на земјите да размислат како да обезбедат грижа за менталното здравје и да ги направат потребните реформи“.