QR-кодот на здравствената пропусница на шефот на француската држава е видлив на социјалните мрежи Снапчат и Твитер. Според Елисејската палата виновни се негрижата или злобата на здравствените работници, јавува дописникот на МИА.

QR -кодот на Емануел Макрон протече на социјалните мрежи, потврди опкружувањето на претседателот за ФрансИнфо. Овој QR-код, кој всушност служи како здравствена пропусница, е присутен особено на Снапчат и Твитер. Изворот рече дека се преземени мерки без да даде повеќе детали.

-Негрижата или злобата на неколку здравствени работници е изворот на протекувањето преку Интернет на оваа здравствена дозвола, исто така укажува Елисејската палата, која го осудува кршењето на етиката. Овие здравствени работници сега се во центарот на вниманието на Националниот фонд за здравствено осигурување, бидејќи е побарано од Националниот совет на Редот на лекарите да ги санкционира лицата кои се виновни за објавувањето на кодот.

Во прилог на QR-кодот, на пропусницата може да се види и датумот на раѓање на претседателот, 21 декември 1977. Исто така, се посочува дека тој ја примил вакцината Фајзер / БиоНТек на 13 јули 2021 година. Во реалноста, Макрон беше вакцинирани на 31 мај, но неговата вакцинација е снимена само месец и половина по грешка во преносот на податоците, прецизира Елисејската палата за Медијапар

Протекувањето на овие податоци го поставува прашањето за можна измама.